Готвачите во основното училиште во селото Павловскаја, Русија пред неколку месеци забележале дека храната почнала да исчезнува од шкафчињата на училишната менза – месо, колбаси, зеленчук, житарки, џем и така натаму.

На влезот во училиштето поставиле дури и обезбедување, човек кој ќе ги проверува децата за да види кое од нив е крадецот. Откако не успеал да најде храна кај ниту еден ученик, вината паднала на вработените во мензата. Така тие решиле да постават камера и да го фатат виновникот.

„Стаорецот“ се фати на видео-стапицата веќе следниот ден.

Наместо во полиција, вработените решија само да ја објават снимката.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено