Е секаков народ, навистина! Евреин влегол во синагога во Париз преправен во терорист и извикувал „Алаху акбар“ за малку да ги опушти луѓето, и сосема очекувано, бил уапсен. Четириестгодишникот влегол во синагогата Хабад Лубавич во источниот дел од францускиот главен град додека верниците го прославувале крајот на Пурим – годишна еврејска прослава.
Стражарите на влезот и членовите на синагогата биле шокирани, но на крајот некои луѓе го препознале. Невкусната шега „предизвикала извесни чувства кај присутните војници“ велат извори на полицијата. Му било наредено да се предаде во локална полициска станица.
Шегобиецот изјавил дека „само сакал да ги опушти малку“ но сфатил дека направил „голема грешка.“
„Пурим е специјална забава во текот на која можете да појдете, да се опуштите и напиете нешто. Јас облеков арапска облека со црвено-бел шал и зедов калашников“, раскажува човекот. Синагогата Хабад Лубавич се наоѓа во Венсен, предградие во Париз кадешто минатата година терористите убија четворица Евреи, по што безбедносната ситуација во еврејската заедница е затегната.



