На иконското „лајк“ копче на Фејсбук му се придружија пет нови емотикони наречени „реакциии“. Целта на нивното поставување е да го опфатат широкиот спектар на чувства кои би можеле да ги почувствувате откако ќе видите пост на Фејсбук, од „хаха“, до „лутина“. Но, и покрај тоа што беа додадени нови емотикони, сепак никаде на Фејсбук нема да можете да најдете „дислајк(не ми се допаѓа)“ копче.

fb01

Причината поради која Фејсбук реши да не додава вакво копче, или барем така објаснуваат, е истата причина поради која решија да го прошират нивното „лајк“ со дополнителни емотикони: да означите нешто со „ми се допаѓа“ или „не ми се допаѓа“ е премногу едноставно за најразновидните содржини коишто секојдневно се споделуваат на Фејсбук.

fb02

Во Фејсбук веќе подолго време се свесни за тоа дека копчето „лајк“ не беше доволно, особено во поглед на тоа што корисниците ги прави несигурни како да реагираат на лоша вест, како нечија смрт или нечија трагедија, а исто така и позитивните вести понекогаш не е доволно да ги означите само со „ми се допаѓа“. Во септември минатата година, Закерберг беше спомнал дека работат на „дислајк“ копче бидејќи „мислам дека луѓето со години го бараат тоа“, како што рече тој, додавајќи дека работат на тоа, но сакаат да го направат така што да не изгледа како да гласате против нешто, туку да изразите сочувствителност со нешто. „Не секој момент е добар момент.“

Но, иако Фејсбук можеби подолго време размислувал за „не ми се допаѓа копче“, сепак мора да се признае дека не е лесно истото да се осмисли на начин кој не би бил навредлив и кој би имал смисла. Поради тоа тие дошле до решение дека не е доволно да има бинарни симболи како „ми се допаѓа“ и „не ми се допаѓа“ за изразување на вашите чувства за нешто, додавајќи поширок спектар на емотикони.

Сподели на Facebook
пати видено