Ако некогаш сте се запрашале како навистина изгледаат добрите соседи тогаш погледнете ја оваа група од Нешвил, Тенеси, која се здружила за да го заштити таткото и синот.

Стејси Фарлеј излегла во дворот на цигара околу 8:30 часот наутро кога забележала полциско комбе во дворот на соседот.

Жената сфатила дека се работи за полицијата од имиграционо и веднаш ги алармирала останатите соседи кои брзо се организирале. Полицијата им го блокирала патот на таткото и 12-годишниот син кои биле исто така во комбе и сакале да ги приведат, иако немале налог за да влезат во домот или комбето.

На крајот, не само што се собрале соседите, туку и активисти за имиграција, член на советот на општината и волонтери. Таткото и синот не смееле да излезат од комбето затоа што веднаш ќе биле однесени за депортација. Така храбрите соседи и останатите луѓе формирале „човечки ѕид“ за да таткото и синот претрчатт од комбето до својот дом.

Сподели на Facebook
пати видено