Сите знаеме дека проверката на електронските уреди пред спиење не е добро за сонот, но повеќето од нас пак го прават тоа – бидејќи има ли подобар начин да се заврши денот од тоа да видите што правеле вашите пријатели? Но сега видео тим од Бизнис Инсајдер истражи што точно овој начин на однесување им прави на нашите тела и мозоци, нешто што можеби ќе ве натера вашите смартфони да ги држите надвор од просторијата кадешто спиете.

Проблемот доаѓа од фактот дека циркадијалниот ритам, кој определува кога вашето тело испушта хормони, се контролира од изложеноста на светлина, како што вели психијатарот Ден Сигелод Калифорнискиот универзитет. Така, кога ќе го проверите вашиот телефон ноќе, тој во вашите очи праќа фотони, велејќи му на вашиот мозок да не лачи мелатонин – хормонот кој прави да се чувствувате уморни.

Here’s What Happens To Your Body When You Check Your Smartphone Before Bed

Тоа значи дека ќе останете будни подолго отколку што е потребно, а кога не можете да заспиете, сигурно пак посегнувате по мобилниот и заспивате дури кога ќе се истоштите, со што во текот на следниот ден, доколку не преспиете половина од него, сте полуфункционални.

Спиењето е важно не само поради фактот што на активните неврони им е потребен одмор од седум до девет часа, тукух поради тоа што ги одржува глијалните клетки коишто имаат пресудно значење во чистењето на невротоксините кои се насобираат во нашиот мозок во текот на денот. Кога не сме доволно наспиени, глијалните клетки не можат да си ја вршат работата, па завршуваме со намалена способност за помнење и внимавање.

А да не говориме за тоа што ненаспиеноста му прави на нашиот метаболизам. Погледнете го видетото подолу за ефектите на употребата на мобилен телефон пред спиење, и не обвинувајте нѐ нас кога следниот пат ќе бидете будни до 3 часот наутро висејќи на Фејсбук – ве предупредивме!

Сподели на Facebook
пати видено