Пустината Атакама во Чиле е најсувата неполарна пустина во светот, но дури и оваа наизглед пуста и неродна земја може да роди живот во вистински услови.

Ако во пустината паднат обилни дождови за време на пролетта на јужната хемисфера (октомври, ноември), цвеќињата кои хибернираат под површината ненадејно се расцутуваат во експлозија на бои, желни да го искористат дождот.

Овогодинешното цутење било донесено од истите временски услови кои ги раширил ураганот Патриција, најмоќниот забележан ураган. „Интензитетот на цутењето оваа година е без преседан“, вели Даниел Диаз, директор на националната служба за туризам во Атакама, “и фактот дека се случи двапати во една години, што никогаш не било забележано во историјата на земјата.

Иако Диаз овој невообичаен феномен го припишува на климатската промена, локалните жители можат да бидат благодарни бидејќи настанот предизвика пораст на туризмот. Се очекуваат повеќе од 20.000 туристи да дојдат да ја видат расцутената пустина.

p01 p02 p03 p04 p05 p06 p07 p08

Сподели на Facebook
пати видено