Сите ние многу си ги сакаме нашите домашни миленици и голем дел од нас не можеме да си го замислиме животот без овие верни пријатели. Сепак понекогаш несреќи се случуваат и потребно е повеќе од еден човек за приказната да добие среќен крај.

Сопственикот на кучиња и активист Сорав Бор Катаки, од Индија, бил во неговиот дом кога до него дошло едно од неговите миленичиња и почнало чудно да се однесува. Сорав забележал дека кучката е очајна и решил да ја следи.

Таа го однела до одводот за канализација, каде што се заглавиле нејзините 3 мали кученца. Сорав веднаш смислил план за спасување, а наскоро му се придружиле и неколку соседи. Тие заедно успеале да направат дупка од која излегле кученцата и веднаш се втрчале кон нивната мајка.

Сподели на Facebook
пати видено