Млади, убави и луди. Еве како се однесуваат Хрватите на нивната матурска прослава на плоштадот во Загреб. Оваа веселба тие ја нарекуваат „Норијада“ и ова е традиционално одбележување за крајот на средношколските денови.

Туристите кои во тој момент беа на плоштадот во Загреб биле затечени од глетката и мислеле дека ќе има масовна рејв журка. Матурантите покажаа колку добро можат да се справат со алкохолот и на какви се креативни начини можат да го консумираат. Медицинските тимови исто така беа импресионирани.

Сите носеа маички со смешни и саркастични  натписи. Исто така музиката беше главен елемент од прославата и тоа не само странската, туку матурантите си земале и хармоника. Кога атмосферата станала жешка некои од матурантите решиле да се освежат во фонтаната „Мандушевац.“

Сподели на Facebook
пати видено