Кен Мекелрој тероризирал земјоделска заедница во Скидмор, Мисури. Тој бил апсен за напади, силување, за обиди за убиство и за убиство на еден жител, но постојано бил ослободуван.

Пред 38 години тој бил убиен, но неговиот случај официјално останува нерешен и до ден денес, иако приказните за тоа што се случило продолжуваат да кружат.

Нов документарец, насловен „No One Saw a Thing“ (Никој не виде ништо) раскажува што се случило во 1981 година и како силеџијата мистериозно бил убиен и никој ништо не знаел за тоа.

Откако жителите почнале се повеќе да се плашат од постапките на Кен околу 50-60 жители се собрале во локалната сала на 10 јули 1981 година за да разговараат за нивните опции.

Локалниот шериф се обидел да ја смири толпата на состанокот, но потоа заминал, бидејќи толпата трчала по улицата за да се соочи со Кен, кој седел во својот камион со сопругата Трена. 52- годишниот Кен Мекелрој бил во врска со Трена кога таа имала само 12 години и се оженил со неа само за да избегне обвинение за силување. Тој, исто така, наводно ја запалил куќата на нејзините родители откако тие се спротивставиле на свадбата.

Толпата го обиколила камионот и неколку луѓе отвориле оган кон Кен. Дури 60 лица биле сведоци на неговото убиство, но сите тврделе дека никој не видел ништо. Само Трена која останала неповрдена и одведена на безбедно се обидела да ги идентификува убијците.

Кога шерифот пристигнал на местото на злосторството немало ниту едно оружје. Окружниот правобранител одбил да поднесе обвиненија и федералната истрага исто така завршила во ќор-сокак.

Најчудната работа е што по убиството во малиот град се случиле уште неколку свирепи убиства и напади, за кои режисерите на новиот документарец исто така сакаат да зборуваат, бидејќи можеби желбата за одмазда станала „копче“ за активирање на уште поголемо зло.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено