Повеќето од нас се сеќаваат дека учеле за Пангеја на училиште, џиновскиот континент, од кој сите наши денешни континенти првично биле создадени.

Оваа неверојатна мапа ни покажува како би изгледал светот доколку континентот сѐ уште постои.

Си беше еднаш, одамна, пред околу 335 милиони години, еден суперконтинент наречен Пангеја. Со други зборови, целото копно во светот била една огромна маса опкружена со океан. Сепак, пред околу 175 милиони години, оваа копнена маса почнала да се распаѓа, со што на крајот се формирале седумте континенти што ги имаме денес. Но, каков би изгледал светот сега, доколку никогаш не се случила поделбата?

Уметникот и дизајнерот Масимо Пиетробон го создаде одговорот со неговата неверојатна мапа со наслов Пангеја Политика, која го илустрира светот како што би бил доколу нашите современи земји сѐ уште се наоѓаат на еден континент.

Резултатот е планета каде што соседи стануваат земји кои никогаш не би ги поврзале, Антарктикот и Австралија, Русија и Северна Америка, Африка и САД. Секоја земја е поврзана, што ја прави идејата за конфликти потешка за разбирање.

Еве каде би се наоѓала и Македонија:

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено