Скандалот излезе во јавност откако започна судски спор во Русија во кој евангелистичката црква од градот Иркутск го тужи дистрибутерот на електрична енергија заради високите сметки.

Претходно, кога од компанијата забележале дека црквата троши огромно количество електрична енергија, тие испратиле екипа на терен да види во што е работата. Екипата во црквата пронашла десетици специјализирани уреди за „копање“ криптовалути. Вкупниот долг за електрична енергија на црквата изнесува околу 1,1 милион денари. Судот се разбира пресуди во корист на дистрибутерот.

Сподели на Facebook
пати видено