Светот на научници, писатели и други интелектуалци бил шармиран од неа и љубопитноста ги натерала да присуствуваат на нејзините сеанси. Еусапија Паладино била енигма, бидејќи наводно можела да комуницира со мртвите. На нејзината сеанса присуствувала и познатата Марија Кири.

Таа е родена на 21 јануари 1854 година во Минервино Мурж, провинција Бари, Италија. Кога била многу млада, се омажила за театарски уметник по име Рафаел Делгаз. Многумина велат дека многу научила од нејзиниот прв сопруг. Ова знаење ѝ овозможило да направи неверојатна кариера. Подоцна се омажила за Франческо Ниола, трговец.

Сеансите во Варшава

Славата на Паладино започнала во Полска, Варшава, која ја посетила во два наврата. Првпат, таа била поканета од психологот, д-р Џулијан Очорович, кој бил нејзин домаќин од ноември 1893 до јануари 1894 година. Таа сакала да ги демонстрира своите феноменални сеанси, да влијае на локалното општество и да создаде импресивен приход. Џулијан ја запознал со писателот Болеслав Прус, кој присуствуваше на голем број нејзини сеанси и ја промовираше во печатот. Поради состаноците со Паладино, тој се чувствувал инспириран да го напише историскиот роман Фараон.

Во јули 1895 година, таа се појавила во Кембриџ за серија сеанси, поради кои добила голема критика. Тие ја доведувале во прашање научната легитимност на нејзините таленти како медиум.

Духовни искуства со Марија и Пјер Кири

Сепак, се чини дека нејзината слава од Варшава ѝ обезбедила група на големи научници кои сакале да ги истражат нејзините вештини. Групата хемичари, биолози и физичари предводени од познатите Марија и Пјер Кири. Првиот состанок се одржал во 1905 година. Освен Кири, на состанокот биле вклучени научници како Чарлс Ричет, Анри Бергсон, Жак Арсен д’Арсонвал, Вилијам Крукс, Жан Перин, Гуи и Пол Ланжевин. Сите научници биле фасцинирани од Еусапија.

Пјер Кири напишал: „ Имавме серија на сеанси со Еусапија Паладино. Беше многу интересно, и навистина феноменот што го видовме не можеше да се објасни како измамништво. Маси лебдат во водух, предмети се движат, раце кои Ве гребат или Ве милуваат, прозрачни силуети. Сите во амбиент подготвен од нас со мал број гледачи кои ни се познати и без можни соучесници.Единствено е можно доколку се работи за некаков магионичарски трик. Но, како би го објасниле феноменот кога некој и ги држи рацете и нозете и кога светлината е доволна за да може да се види сè што се случува?“

По Франција, Паладино заминала во Америка и како што растела нејзината слава така растел и бројот на критичари. Познатиот магионичар Хари Худини, дури и објаснил неколку од нејзините „трикови“. Таа во Америка најмногу била критикувана од основачот на прагматизмот Чарлс Сандерс Пирс.

Доколку Еусапија Паладино всушност не била измамник, таа можела да се смета за многу опасна личност за светските власти, луѓето што заработиле пари како магионичари, а исто така и научници. Многумина се обиделе да ги решат нејзините тајни, но до сега никој не знае сигурно дали таа била само интелигентна жена која знаела како да манипулира со публиката или била вистински медиум кој имал натприродни способности.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено