Ова е прекрасниот момент во кој кучето Ѓорѓи повторно се сретнува со неговиот сопственик по три години, откако се изгубило. Гиорги Березиани го изгубил своето сакано милениче во 2015 година. Три години ги чешлал улиците на грузискиот главен град Тбилиси и објавувал постери за било какви информации за кучето.

По неколку лажни траги, Гиорги овој месец добил телефонски повик од работник во театарот во Тбилиси, кој забележал куче кое одговара на описот на Ѓорѓи, како лута наоколу во близина на авенијата Руставели во градот.

62-годишниот Гиорги го снимил моментот кога го нашол Ѓорѓи свиткан под едно дрво и неговата непроценлива рекација кога го повикал по неговото име, како и рекацијата кога ќе ги види останатите членови на семејството.

Сподели на Facebook
пати видено