Тридневно обединување на семејства се одвива во одморалиште на планината Кумганг во Северна Кореја. Емоциите ескалираат затоа што некои мајки повторно ги гледаат своите деца по скоро 70 години. Една од нив е и 92-годишната Ли Кеум-сеум која допатувала од Јужна Кореја за повторно да го види нејзиниот 72-годишен син Ли Сунг-Чул за прв пат по 68 години.

Г-ѓа Ли и нејзиниот син се виделе последен пат кога таа и нејзината ќерка биле одвоени од него и нејзиниот сопруг додека бегале. Во тоа време Ли Сунг-Чул бил на возраст од само четири години. „Никогаш не помислив дека ќе дојде овој ден. Јас не знаев ниту дали е жив.“, вели Ли.

Старицата не можела да престане да плаче кога по толку време го прегрнала нејзиниот син. Во одморалиштето исто така имало и други емотивни средби.

На пример на фотографијата подолу се прикажани сестри од Северна Кореја, Ким Гонг и Гуонг Јонг, како нервозно стојат пред нивната 99-годишна мајка од Јужна Кореја, Хан Шин.

Милиони луѓе беа расцепкани од Корејската војна во 1950-53 година, која ги одвои браќата и сестрите, родителите и децата и сопружниците.

Од 2000 година двете држави одржаа 20 круга средби, меѓутоа, повеќето од 130.000 јужњаци што се пријавија за повторно обединување по започнувањето на настаните, починале.

Повеќе од половина од преживеаните се над 80 години, а најстариот учесник оваа година Бајк Сунг-кју е на возраст од 101 година.

Сподели на Facebook
пати видено