Емин Џиновци изнашол чуден начин да заработува за живот – така што ќе се преправа во Хитлер. Џиновци не само што има неверојатна сличност со манијакалниот германски диктатор, туку и верува дека тој е косовска реинкарнација на Хитлер. Тешко е да се определи зошто некој би најмил некој да се преправа во Хитлер, како и да тврди дека е негова реинкарнација.

Џиновци ја работи својата чудна работа во Митровица, Косово. На туристите им наплаќа 70 евра за да се сликаат со него.

ht01

„Се гордеам со својата сличност со фирерот бидејќи исто како и тој, и јас се борев против Србите – моите непријатели“ изјавил Џиновци за InSerbia News. „Лесно е да се разбере. Се пронаоѓам себеси во ликот на Хитлер бидејќи и тој се борел против мојот непријател, а непријателот на мојот непријател е мој пријател.“ Џиновци вели дека никаде не оди без неговата копија од Мајн Камф, автобиографијата на Хитлер.

ht02

Емин Џиновци порано живеел и работел во Германија. Во 1998 година се преселил во Косово за да се бори против Србите за отцепување на Косово од Србија. Четириесет и деветгодишниот Албанец има четири ќерки кои ги нарекува „децата на Хитлер“.

На Косово, како и во други земји од Балканот ова не е законски казниво дело, но доколку би се обидел вакво нешто во Германија, сигурно би бил уапсен, бидејќи во Германија неонацизмот и одрекувањето на Холокаустот се казниви со закон.

ht05

Сподели на Facebook
пати видено