Мароко, 1993 година. Емил Лери е искусен француски патник кој патувал далеку и низ цела Африка најмалку 10 пати.

Таа година, тој одлучил да се соочи сам со ширината на песок и карпите на пустината Сахара, во посета на западниот дел со неговиот Citroën 2CV. Зад него го оставил Тан-Тан, последното упориште пред длабоката пустина.

Кралските стражари на градот, го информирале дека не може да си замине, поради воената тензија помеѓу Мароко и Западна Сахара, која била предмет на расправија на југот на земјата. Стражари му кажале да земе патник со него и да се врати во Тан-Тан. Но, Емил одбил со изговор, дека осигурувањето на неговиот автомобил го спречува да превезува други патници.

Емил се преправал дека се враќа назад а потоа тргнал по пустински пат со надеж да ја заврши неговата авантура со неговио Citroën 2CV. Овој вид автомобил е навистина масивен дури и ако не е 4 × 4, и се нарекува „железната камила“ од локалното население за неговите неспорни квалитети на отпор во екстремни услови. Емил земал залихи и и храна за 10 дена патување, доволно (според неговите планови) да ја помине пустината.

По неколку часа возење, доволно за да биде многу далеку од било кој центарот на градот, се случил неочекуван настан:

Емил удрил во карпа и го скршил тркалото на автомобилот и оската

2CV бил неупотреблив. Било кој начин да се избегс со пешачење бил исклучена бидејќи било премногу далеку да се оди. Емил бил сам во пустината, со само 10 дена да најде решение. Емил, кој бил електричар во Франција, одлучил да се обиде со ризична техника: изградба на нов мотор со користење на делови од неговиот 2CV. Тој го отстранил телото на автомобилот за да создаде засолниште од бурите од пустината и од сонцето.

Емил по цел ден работел на моторот и чорапите ги користел како ракавици поради загреаниот метал на сонцето. Тој создал мотор кој му помогнал да ја избегне смртта во пустината. Користејќи дел од шасијата на 2CV како конструкција тој го поставил примитивниот систем за управување на предната страна, во центарот бил моторот, батеријата, менувачот, барабанот на сопирачката што го активирал задното тркало само со триење.

На мотор било тешко да се вози, без амортизација, на груб терен како пустината, а Емил паднал од возилото повеќе од еднаш. Тој имал само еден литар вода и храната бил речиси при крај.

По еден ден, неочекуваното се случило повторно, овој пат на позитивен начин. Тој се сретнал со полициска патрола по патот која го однела во Тан-Тан. Емил бил безбеден и неговата „пустинска камила“ го спасила.

Сепак тој добил казна затоа што возилото кое го возел не одговарало на она пријавено на осигурителниот лист. Емил ја платил таа парична казна со „задоволство“, бидејќи тоа бил еден вид награда.

Денес Емил има 60 години и живее во Франција, каде што го чува својот „спасител“ како скапоцен спомен.

Сподели на Facebook
пати видено