На 25 години Алекса работел како личен тренер во сала за вежбање, но решил дека сака да истражи еден поинаков свет. Светот на „ескорт мажите“, „придружниците“ или „жиголо“. Шпанецот сега има 29 години и живее во Сиднеј, а на богатите жени им наплаќа 500 долари на час и може да заработи и 15.000 долари од клиент.

Тој води двоен живот како машки ескорт од висока класа, кој ги задоволува сексуланите желби на непознати, вклучувајќи и самохрани мајки, жени на возраст од 35 до 45 години и девојчиња на возраст од 18 години кои сакаат да ја изгубат својата невиност.

Неговата реклама ветува сè од чувство на „вистинско“ момче и романтични состаноци, па се до сцени од „50 нијанси на сиво“. Овој „сексуален работник“ открива ад затворени врати што навистина сакаат жените и зошто неговите клиенти решаваат да платат за секс.

„Сум бил платен неколку пати 15.000 долари за цела недела со мене, трошоците се исклучени. Добив бакшиш од 1.000 долари од сопруг кој сакаше да имам секс со неговата сопруга. И двајцата се чинеа многу задоволни од мојата изведба и искуството. Добро заработувам, се среќавам со неколку клиенти барем еднаш неделно, обично на неколку часа секој пат.“, вели Алекс.

Тој работи со „полно работно време“ како ексорт за My Male Companion и вели дека неговите клиенти сакаат да го разгалуваат, така што му купуваат авионски билети од прва класа кога сакаат да допатува кај нив или кога одат заедно некаде да се „релаксираат“.

Алекс објаснува што сакаат жените: „Тие ја сакаат крајната фантазија што еден маж може некогаш да им ја обезбеди. Принцот и витезот. Најдобар љубовник во и надвор од спалната соба. Тие, исто така, сакаат да ги импресионираат другите и да имаат одличен придружник до нив, кој прави да се чувствуваат како вистински жени. Давајќи им го вистинското внимание што го заслужуваат, без другите нешта да ни го одвлекуваат вниманието. Мислам дека најголемиот проблем е конекцијата која луѓето треба да ја доживеат преку сек*от“

Тој вели дека „времето“ и „разочарувањата“ најмногу ги „приморуваат“ жените да ангажираат жиголо: „Ова е сѐ уште светот на мажите. Жените од далеку имаат многу повеќе барања за живот и одговорности од мажите, но еднаквоста исто така се зголемува. Жените сакаат исти можности што мажите секогаш ги имаа.“

Алекс вели дека најдобар дел од неговата работа е сек*от и дека му претставува огромно задоволство кога некој ќе доживее оргазам поради него. Тој додава дека кога станува збор за клиенти неговата единствена граница е дека е хетеросексуалец и не прифаќа понуди од геј личности, без разлика колку пари ќе му понудат.

Сподели на Facebook
пати видено