Елена е творец на уникатни „винтиџ“ рачни изработки повеќе од една година. Таа за себе вели дека има огромна желба и страст да изработува вакви предмети и навистина ужива во овој вид на креативност. За изработка на еден предмет начесто ѝ се потребни 4-6 часа и тоа не го смета за обврска туку еден начин на забава.

Секој предмет изработен од Елена е уникатен и нејзините изработки можете да ги најдете на Фејсбук страната и Инстаграм профилот на Sweet Shabby chic.

Што се однесува за идните планови Елена вели: „Наскоро ќе одам на една работилница каде вештините ќе ги предава една госпоѓа од Белград која има признание од Германија за оваа техника. Секогаш има што да се научи и додаде така што и сега сум сигурна дека ќе се отворат само нови идеи и хоризонти, кои едвај чекам да ги пренесам на дело.“

Сподели на Facebook
пати видено