Мелинда и Лери Микла имаат неконвенционален јаз во возраста. Тие се запознале пред 7 години, а сега Мелинда има 27, а нејзиниот сопруг, Лери, кој е пензиониран полицаец има 57 години.

Парот вели дека погледите на луѓето ги следат насекаде, придружени со коментари дека се татко и ќерка или уште полошо, дедо и внука. Родителите на Мелинда тешко го прифатиле Лери, особено поради фактот што и тие се прилично помлади од него.

Парот се запознал додека Лери сѐ уште работел како полицаец, а Мелинда имала мала сообраќајна незгода во Охајо, САД, во август 2012 година и повикала полиција, таа вели: „Мислам дека паѓав на мажи во униформа, си помислив ‘О Боже се надевам дека полицаецот ќе е сладок’ и Лери излезе од автомобилот и си помислив ‘О сладок е, но малку е стар за мене’ и останавме во контакт поради полицискиот извештај и едноставно се заљубив.“

Сега тие се обидуваат да имаат бебе, но тоа не е лесно бидејќи Лери имал вазектомија пред 18 години. Мелинда вели дека најтешко за нивната врска му паднало на нејзиниот брат, кој во својата изјава вели дека не можел да сфати зошто се заедно бидејќи Лери немал ни пари: „Барем да беше Бил Гејтс“, вели братот на Мелинда.

Сподели на Facebook
пати видено