Пар од Јапонија мирно позира додека зад нив се случува вистински пекол. Тие се венчале во 2015 но сакале да го вратат „огнот“ во нивната врска и поради тоа се одлучиле на ваква „бомбастична“ фотосесија од Холивудските филмови.

Тие не сакале да прават фотосесија во цветни градини и дворци, туку се упатиле во напуштен каменолом каде што ја реализирале својата замисла. Пламенот се кренал 10 метри во воздухот, но тоа нив воопшто не ги вознемирило.

Овој необичен настан бил организиран од страна на компанија која снима филмови, Косави и учествувале повеќе од 10 луѓе, кетеринг камион и скапа техничка опрема за да се постигне совршена слика.

Во случај работите да не одат по план парот ја заменил нивната скапа облека од свадбата со евтина верзија, која што лесно може да се замени.

Сподели на Facebook
пати видено