Тим археолози кои работат во Египет откриле 20 антички дрвени ковчези близу градот Луксор. Ковчезите со разнобојна резба беа откриени кај Асасиф; античка некропола лоцирана на западниот брег на реката Нил.

Запечатени затворени и добро сочувани, откопаните ковчези имаат непроменети натписи и исто така задржале и нешто од нивните светли бои. Лесно е да се замисли колку импозантни изгледале кога прв пат биле затворени.

Саркофазите биле откриени во два слоја на голема гробница, со едно ниво на сложени ковчези внимателно поставено над другото. Во соопштението за печатот, Министерството за антиквитети во Египет го поздрави ова откритие како „едно од најголемите и најважните откритија“; потенцирајќи го големиот број ковчези, како и одличната состојба на зачувување.

Властите објавија голем број фотографии на кои се гледа како министерот за антиквитети Калед Ел-Анани ги прегледува ковчезите, заедно со генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, д-р Мустафа Вазири. Според Си-Ен-Ен, благородниците и службениците биле поставени да почиваат во Ал-Асасиф за време на фараоните, при што за местото се знае дека е место со археолошко значење.

Археолозите што копаат во областа, претходно направија откритија кои датираат од 18-та династија во Египет, период што започна во околу 1539 година п.н.е. Поголемиот дел од гробниците откриени во Асасиф датираат од доцниот период на антички Египет (664-332 п.н.е).

Меѓутоа, претходно откопаните гробници датираат уште порано од 18-та династија (1550-1292 п.н.е), ера на познати фараони како што се Хатшепсут, Аменхотеп III и Тутанкамон.

Сподели на Facebook
пати видено