Задачите се многу едноставни, но не за сите луѓе. На секоја од сликите, 1 од 4-те предмети треба да се исфрли и да се објасни зошто токму тој предмет не припаѓа таму.

На следната слика на пример, едно лице со правна позадина, со образование од областа на правото, упорно тврдело дека сите предмети се потребни и не сакало да исфрли ниту еден.

Тоа е знак за потенцијален ментален проблем. Разговорот со него помогнал да се идентификуваат и други карактеристики, па затоа тој бил испратен на тест кај клинички психолог.

Ова е заклучокот што го дал психологот:
„При набљудување на процесот на мислење се забележуваат знаци на умерено намалување на способноста да се генерализира, како и субјективност во текот на мисловните процеси во форма на потпирање на слаби, латентни и далечни, второстепени признаци. Мисловните процеси не течат последователно, со често скокање и видна расеаност. На пример кога споредува скии и лизгалки, разликата ја гледа во тоа што со скии со својот татко може да поминат 5 километри, а лизгалки користи само заедно со девојката и потоа си оди дома. Разликата пак помеѓу брезата и боровите ја објаснува: „Боровите растат само во зима, а брезите цело време.“

Како што се испостави, човекот бил нов во градот во кој го испитувале, а во својот роден град тој бил под надзор на психијатар. Заклучоците на здравствената комисија човекот не ги дочекал затоа што кај него за кратко време се појавило видно растројство и параноична состојба, па го згрижиле во ментална институција.

Сподели на Facebook
пати видено