На жежок, сончев ден, ништо не е толку вкусно како ладно пивце. А плус тоа, едно пиво дневно е добро и за срцето, откриле истражувачите. Иако пијанчењето може да му штети на здравјето, умереното конзумирање го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за четвртина, откриле истражувачите.

dm01

Тимот од Медитеранскиот истражувачки институт во Позили велат дека алкохолот и другите хемиски супстанции во пивото го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, удар и болести на артериите.

Тие проучиле 150 претходни истражувања и заклучиле дека пиењето на една кригла или до две лименки од 330ml пиво го штити срцето без да ги зголеми ризиците за појава на деменција или рак. Д-р Симона Констанцо, која е еден од авторите, вели дека е важно да се истакне дека само умереното пиење ги носи овие здравствени придобивки. Претераното пиење, како што е случајот со пијанчењето за викенд, е штетно за телото, инсистира таа.

dm02

Умереното пиење, заедно со здравата исхрана и здравиот и активен начин на живот се многу полезни за здравјето. Смета професорката. Пивото е познато како богат извор на антиоксиданси – состојки кои ги отстрануваат штетни хемикалии кои предизвикуваат срцев удар. Исто така содржи и минерали како фосфор, јод, магнезиум и калиум, како и ниско ниво на шеќер, кој во големи количества се поврзува со дијабетес 2 и прекумерната тежина, ризичен фактор за срцеви заболувања.

dm03

Покрај тоа, умереното пиење пиво штити и од артериосклероза, а кинески научници утврдиле дека состојката ксантохумол која се наоѓа во хмељот може да спречи оксидативно оштетување на мозочните клетки што се поврзува со деменцијата.

Сподели на Facebook
пати видено