Две туристки биле забележани како позираат на место во Мелбурн, Австралија, на кое кола удрила и усмртила четворица пешаци и едно бебе. На сликите се гледа како двете жени застанале меѓу полициските автомобили и си позираат, додека запрепастените минувачи ги гледале со неверување, бидејќи се сликале на место на ужасна несреќа, а не крај некоја знаменитост или туристичка атракција. Меѓу настраданите имало и едно бебе, а очевидците тврдат дека возачот на колата намерно се забил во толпата.
Полицијците го раниле возачот, за потоа да го извлечат од колата и да го уапсат. На себе не носел ништо освен црвена долна облека. 26-годишниот човек одговорен за нападот е идентификуван како Димитриус Гаргасулас, жител на Мелбурн со историја на нарушено ментално здравје и злоупотреба на дрога, а минатиот викенд бил казнет поради семејно насилство.