Дали некогаш сте посакале да живеете во Средна Земја? Ете, желбата може и да ви се оствари. Компанијата Грин Меџик дошла до идеја да гради мали монтажни куќички кои изгледаат исто како дупките на Хобитите и тројца луѓе можат да ги изградат за само неколку дена.

Исто како и хобитските дупки, овие куќички се изработуваат под слој почва и трева, а доколку сакате такво нешто, можете да одгледувате зеленчук на покривот. Доколку имате некој ваш дизајн, компанијата е отворена за секакви можности. Удобни еко-куќички кои совршено се вклопуваат во околната природа, и кои доста наликуваат на земјанките на старите Словени. Не мора ни да сте љубител на Толкин за да ви се допадне оваа замисла.

zm01 zm02 zm03 zm04 zm05 zm06 zm07

Сподели на Facebook
пати видено