Изгаснете ја жедта со додавање на парчиња лимон во вашата вода. На овој начин ќе се снабдите со витамини, минерали и ќе го прочистите вашиот организам. Според нутриционистите, водата со лимон е најдобриот поттикнувач на енергија. Наутро вашето тело е дехидрирано и му треба многу вода за да ги истисне токсините и да ги поднови клетките. Домашната „лимонада“ го стимулира отстранувањето на отровните материи, ја регулира функцијата на бубрезите и го подобрува варењето.

drink-warm-lemon-water-in-the-morning-for-a-year-and-these-20-things-happen

20 неверојатни причини зошто секое утро би требало да се напиете вода со лимон

1. Водата со лимон ве снабдува со доволно количество електролити и го навлажнува вашето тело. Лимоните се богати со електролити како калиум, калциум и магнезиум.

2. Водата со лимон е одлична за вашите зглобови; ја намалува болката во зглобовите и мускулите.

3. Топлата вода со лимон го подобрува варењето. Лимоните се полни со лимонска киселина која содејствува со ензимите и киселините кои го поттикнуваат лачењето на стомачните сокови.

4. Го поттикнува лачењето на ензими од страна на црниот дроб од било која друга храна или напивка.

5. Водата со лимон го прочистува вашиот црн дроб. Лимоновиот сок придонесува во отстранувањето на отровните материи од црниот дроб.

6. Лимоните имаат силни антивоспалителни својства, па така водата со лимон помага против инфекциите на дишните патишта и болното грло.

7. Топлата вода со лимон ја регулира работата на дебелото црево.

8. Водата со лимон го регулира метаболизмот. Лимоните се моќни антиоксиданси – ги спречуваат оштетувањата предизвикани од слободните радикали и го јакнат имунитетот.

9. Овозможуваат нормална функција на нервниот систем, благодарение на калиумот кој го содржат. Недостатокот од калиум предизвикува депресија и вознемиреност. Здравиот организам изискува доволно количество на калиум за да може да испраќа постојани сигнали до срцето.

lemon

10. Водата со лимон ја прочистува крвта и крвните садови.

11. Помага во третирањето на покачениот крвен притисок. Еден лимон дневно го намалува крвниот притисок за 10 отсто.

12. Водата со лимон создава алкална средина во вашето тело. Дури и при конзумирањето непосредно пред јадењето може да помогне на вашето тело да задржи повисоки рН вредности, со што вашето тело го прави поотпорно на болести.

13. Го подобрува вашуиот тен. Лимоните се полни со витамин С, кој го подмладува вашето тело и вашиот тен. Секое утро пијте вода со лимон за да ја подобрите состојбата на вашата кожа.

14. Водата со лимон ја разредува мочната киселина, чиешто насобирање предизвикува болка во зглобовите.

15. Одлична е за бремените жени. Витаминот С е адаптоген и помага на телото да се справи со вирусите и настинките. Покрај тоа, овој витамин помага во формирањето на коскеното ткиво кај бебињата. Високото ниво на калиум помага го стимулира формирањето на нервниот систем на бебето.

16. Помага против киселини во стомакот. Измешајте лажичка лимонов сок во половина чаша вода.

17. Водата со лимон ги раствора камењата во бубрезите и панкреасот, како и наталожениот калциум.

18. Помага природно да ослабнете. Пектинот во лимоните ја намалува потребата за јадење.

19. Ја олеснува забоболката и гингивитисот.

20. Ја спречува појавата на канцерогени заболувања, бидејќи лимоните се со висок степен на алкалност. Научниците велат дека ракот не може да вирее во алкална средина.

Сподели на Facebook
пати видено