Џиа Хаиксиа и Џиа Венки се 53-годишни врсници со хендикеп. Хаиксиа е слеп, а на Венки му се ампутирани и двете раце. И покрај нивниот хендикеп, тие заедно претставуваат одличен тим кој се труди да го промени светот во кој живееме на подобро, и прават одлична работа! Заедно работеле околу десет години, во текот на коишто успеале да засадат преку 10.000 дрвја во руралната област во Хебеи, Кина. Заслужуваат да бидат наречени еко-воини и херои за сиот нивен вложен труд.

Пред десет години, тие решиле да се здружат и да почнат заедно да работат, бидејќи и двајцата не успевале да најдат работа поради нивните ограничувања. За среќа, успеале да смислат уникатен начин успешно да се искомбинираат. „Јас сум неговите раце, а тој е моите очи“ Вели Хаиксиа. Помагајќи си еден на друг, тие успеале целосно да трансформираат област од три хектари крај брегот на една река.

Венки ги загубил и двете раце кога имал три години, а Хаикса бил роден со проблем со видот на едното око. При една несреќа на работа го загубил и другото око, останувајќи целосно слеп. Поради овие околности, и двајцата не можеле да си најдат работа. Во 2001 зеле под наем државно земјиште за да го засадат со дрвја за идните генерации во замена за скромен приход. Оваа акција исто така ќе го заштити селото од поплави. Секое утро во седум часот наутро излегуваат од нивниот дом, носејќи чекан и железна шипка. За да можат да почнат со работа, треба да минат од другата страна на реката. За да го сторат ова, Венки секој ден го пренесува својот слеп другар.

Навистина прекрасен и инспиративен пример за тоа како со заедништво и разбирање човекот е способен да ги надмине сите препреки во животот.

A blind man and his armless companion plant over 10,000 trees in China

Сподели на Facebook
пати видено