Зрчена на колена откако била камшикувана по грбот поради тоа што наводно била фатена во прељуба, жената потоа ја изнесле на носилка бидејќи не можела ни да оди. На сликите се гледа како маскиран маж ја удира по грбот со стап додека таа го гризе влот од болка и ги стега тупаниците додека ја прима казната. Камшикувањето е само една од казните за прекршување на шеријатскиот закон во Банда Аџех, едиствената провинција во Индонезија кадешто тој строго се следи.

Ако сте го читале Стариот Завет, сигурно ќе се сетите за делот на каменувањето на прељубниците и другите ригорозни казни, но тоа нечовечко однесување еволуирало и во рамките на самото христијанство, со Новиот Завет. Сепак и тоа не било доволно, бидејќи инквизиторите во средниот век уништиле илјадници човечки животи во име на „правилните религиски гледишта“ или пак со нив само ја маскирале својата лична алчност, тесноградост, злоба, суета итн. За време на Француската револуција илјадници глави паднале крај гилотините затоа што биле „непријатели на револуцијата“, истото и за време на комунизмот. На западната цивилизација ѝ требале илјадници години да еволуира, и сѐ уште минува низ тој процес, додека радикалните исламисти би сакале целото човештво да го вратат во седмиот век.

in01 in02 in03 in04 in05 in06

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено