Светлана Михотина била убедена дека има идеален живот. Саканиот сопруг, без кој не можела да живее, ќерка и син. Тие плус поседувале 20 хектари земјиште со крави и компири. Тие живееле среќно. Додека еден ден на нивната фарма не се појавиле специјалци со маски и автоматски пушки. „Што се замислувате вие!?“, им викнала Светлана, а тие и покажале фотографија од нејзиниот сопруг и ѝ одговориле: „Ние го бркаме најопасниот криминалец во Европа.“

Ромас Замолскис од Литванија е без претерување, зло во човечко тело. Неговото прво кривично дело го извршил на 16 години, кога ограбил продавница во Вилнус. Пет години подоцна го убил својот пријател на новогодишната ноќ. Подоцна убивал проститутки. Но, најмногу ги мразел полицајците кои Ромас ги убивал дури и кога сакале да се предадат.

Во доцните 90-ти години, Ромас почнал да ограбува банкомати и ги убивал неселективно и стражарите и полицајците кои биле повикни. Како резултат на тоа, чуварите на редот почнале да се плашат да одат на повик за грабеж за да не бидат убиени од „laukinis mėsininkas“, односно во превод „Лудиот касап“. Според литванските детективи, Замолскис му се восхитувал на Хитлер, па дури и се споредувал со него. Тој се фалел дека и двајцата се брилијантни злосторници.

Во 2001 година литванските безбедносни сили конечно откриле каде живее Ромас, но кога почнале да пукаат во неговиот стан тој скокнал од прозорецот на третиот кат и избегал. Со фалсификувани документи „лудиот касап“ пристигнал во Русија, Екатеринбург и почнал да живее живот како Габтелнур Болтачев. Тоа го сторил со помош на уралската мафија и поради тоа наредните две години работел за нив.

Во Екатеринбург, Замолскис бил обвинет за три грабежи, нелегална трговија со оружје, грабеж, кражба и обид за убиство. Најскапиот улов му бил стар швајцарски часовник и BMW X5 , според Уралската полиција. Тој се обидел да го убие претприемачот Александар Касјанов така што фрлил граната во неговиот стан. Касјанов и неговиот слуга преживеале. но биле тешко повредени. По овој хаос, дури и криминалците решиле дека не треба си да имаат работа со Литванецот и нивната соработка престанала.

Со собраните пари Габтелнур Болтачев купил земјиште, изградил куќа и пуштил долга брада. Наскоро тој станал чесен земјоделец. Во оваа мирна улога, тој се појави пред својата идна сопруга. Во една од неговите ретки посети на градот тој се запознал со една бринета која многу му се допаднала. „Габик добро зборуваше руски. Со акцент, но сè беше јасно.“, Светлана се присетува на запознавањето со сопругот.

Еден месец подоцна, Светлана ја напуштила работата како секретарка и се преселила на фармата со „пензионираниот убиец“. „Габтелнур зборуваше многу убедливо за неговото минато. Тој рече дека неговите родители загинале во сообраќајна несреќа, и тој пораснал во сиропиталиште“, продолжува Михотина. „Имавме поле со компири и пченица. Сите собрани рачно, а потоа ги продававме. Исто така имавме 2 крави, 300 гуски и 100 кокошки.“, вели таа. По четири години тие добиле ќерка, а пред две години добиле и син.

Во тоа време, руската полиција го барала Габтелнур Болтачев за грабежи и обид за убиство и кога ја ставиле неговата слика во меѓународната база на податоци сфатиле дека Габтелнур е всушност Ромас. Потоа Ромас самиот се разоткрил кога со лажниот пасош, заедно со семејството се качил во воз за да одат на одмор. Потоа Литванецот бил следен до самата фарма.

„Едно утро ми се јави соседот и ми кажа дека забележал вооружени специјалци во близина на нашата фарма. Јас тргнав кон нив. А тие ми одговорија дека прават вежби.“, вели Светлана. Во тоа време Ромас тргнал да го исфрли ѓубрето со Ока возило и поминал покрај специјалците облечен само по шорцеви. Тие ги впериле пушките во него, а тој кога ги видел избегал со возилото. Подоцна возилото било најдено на работ на шумата, а бегалецот го немало.

Подоцна тој продолжил да му се јавува на семејството од различни броеви, бидејќи полицијата ги прислушкувала нивните телефони. Неговата сопруга не сакала да поверува дека Роман е виновен за такви ужасни дела. Светлана западнала во долгови и не можела сама да ја одржува фармата, а Роман се криел во шумите. Наскоро кога Света немала пари за храна и облека, Роман решил да ризикува ис е вработил како градежен работник. Тој целата плата ја давал на Светлана.

„Дотогаш полицијата и Интерпол престанаа да доаѓаат кај мене. Ние мислевме дека опасноста е завршена. Затоа, тој периодично почна да ја поминува ноќта со нас“, воздивнува Светлана.“ Но еден ден кога излегувале од куќата биле опколени од специјалци и кога Роман сакал повторно да избега бил застрелан 7 пати. Обичен човек би починал од овие рани, но не и „лудиот касап“. Тој преживеал и сега конечно е во затвор.

Светлана вели дека им е многу тешко, затоа што децата можат да го гледаат нивниот татко само на секои четири месеци. Среќен крај не е предвиден во оваа приказна. Литванецот нема да може да се обедини со семејството. Кога ќе отслужи 16 години во Русија, ќе биде екстрадиран во Вилнус, каде што го чека доживотна казна затвор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено