Ова е човек од кој што треба да земеме пример сите ние!

Томи Клејн од Холандија покажа колку е лесно човек доброволно да се грижи за општото добро. Го исчистил загадениот брег по пат кон неговото работно место, и сѐ што требало да направи е да се разбуди половина час порано секое утро сѐ додека отпадот целосно не го снемало. Откако ги постирал своите слики на Фејсбук, набргу некои негови другари му притекле на помош. Со по една вреќа ѓубре секој ден, работата набргу била завршена. Луѓето од Западна Европа, особено од посеверните краишта, можат да ни послужат за пример во многу нешта и би требало да почнеме да се угледуваме малку на нив.

„Секој ден одејќи на работа го возам својот велосипед крај реката. Тоа е убава патека за возење велосипед, освен еден дел.“

d01

„Тој дел од брегот е покриен со пластични шишиња и други видови отпад.“

d02

„Ова е загадениот дел.“

d03

„Отпадот многу ме дразнеше, па така решив да почнам да го чистам.“

d04

„Ми требаше половина час за да наполнам една вреќа со отпад.“

d05

„Но, една вреќа не значи многу за област загадена како оваа.“

d06

„Се решив секој ден кога минувам на тоа место да наполнам по една вреќа.“

d07

„Делот помеѓу двете стрелки набргу беше исчистен. За тоа ми требаа шест дена.“

d08

„Го споделив моето искуство на Фејсбук и сега над 180 луѓе го `лајкуваа` овој проект.“

d09

„Многу луѓе коментираа во стилот `Би требало да има повеќе луѓе како тебе!`“

d10

„А потоа се јавија и вакви: ова е мојот пријател Рик кој ми дојде на помош.“

d11

И набргу сето тоа изгледаше вака!

d12

„Местото беше во близина на патека за велосипеди, и доста луѓе се симнуваа од нивните велосипеди велејќи дека ова е одлична иницијатива.“

d13

„Последната вреќа“

d14

„Од вкупно 22 вреќи отпад, ова е единственото нешто кое ми се чинеше вредно да се зачува.“

d15

„Идејата е да се мотивираат луѓето дека секој може да наполни една вреќа барем еднаш годишно и така да помогне за чистотата на својата околина.“

d16

„Ви треба само половина час, и навистина прави голема разлика, а и ќе се изненадите колку добро ќе се чувствувате потоа.“

d17

„Една лиска направи гнездо во делот кој го исчистив.“

d18

Сподели на Facebook
пати видено