Велат дека кучето му е најдобар пријател на човекот и една жена го докажала ова кога одбила брак, бидејќи нејзиниот додворувач не бил некој голем обожавател на нејзиното куче. Каришма Валиа од Бенгалуру, која работи како аналитичар во Њу Делхи, била присилена да одбие потенцијален сопруг откако тој јасно кажал што мисли за нејзиното куче.

kc01

Во разговор на Ватсап, објавен на Твитер, човекот ја прашал дали донела одлука за неговото запросување, на што таа одговара: „Еј, мислам дека разговаравме за ова. Куќето ќе биде проблем…Па!“

Тогаш тој ѝ одговара: „Хммм…може ли да размислиме за некое решение за ова? Не сакам едно куче да се најде среде мојот љубовен живот, ниту пак сакам да делам кревет со него…тоа е сигурно. А мајка ми воопшто не сака кучиња…“

На оваа таа одговорила: „Епа затоа велам дека ова нема да функционира.“

„Сериозна ли си ти?“ ја прашал тој. „Боже мој! Сигурна ли си за својата одлука? Ова можеби е привремена фаза во твојот живот кога сакаш кучиња. Но, овде разговараме за твојот живот.“

kc02

Решена дека не би го жртвувала своето куче за никого, таа му одговорила: „Да, сигурна сум. Чувањето куче со сигурност не е само привремена фаза. Не можам да го напуштам моето куче за било кој.“

„Жал ми е што ќе морам да го кажам ова. Но во тој случај повели омажи се за кучето.“

Таа го завршила разговорот со следните зборови: „Гледаш, не мора да бидеш арогантен само затоа што не успеало меѓу нас.“

Каришма била пофалена од љубителите на животни. Што мислите вие за оваа нејзина одлука?

Сподели на Facebook
пати видено