Вчера беа изложени ужасни пропусти на социјалните служби во Британија, откако мајка и нејзината „граѓанска партнерка“ биле прогласени за виновни за убиството на нејзиниот двегодишен син. Лиам Фи умрел кога неговото срце пукнало од силните удари во неговите гради – и патологот утврдил дека имал повеќе од 30 повреди, вклучувајќи скршеници на надлактицата и и бутната коска.

lz01

Нејзината мајка Рејчел и нејзината лезбејска партнерка Наоми цели две години го злоставувале момченцето, како и две други деца, а социјалните служби не успеале да реагираат. Нивните дивеења вклучувале:

– Едно од децата било затворено во кафез направен од заштитни решетки против пожар, при што рацете му ги врзале зад грб употребувајќи кабли.

– Друго дете било врзано голо за стол во темна соба, заедно со змии и глувци, присилувајќи го да си ги јаде сопствените повраќаници и го плашеле дека „боата ги јаде непослушните деца“.

– Ги терале малечките да се тушираат со студена вода кога ќе се помокреле во кревет.

Nyomi Fee Rachel Fee

Неколку дена пред Лиам да биде најден мртов со скршена нога, лезбејките на Гугл пребарувале одредници како „морфиум за деца“, „може ли скршен колк да заздрави сам од себе“ и „можат ли сопруги (лезбејки н.з.) да лежат заедно во затвор“.

lz04

Денес беше потврдено дека тие веројатно нема да се најдат во ист затвор. Злосторничките се обиделе вината да ја префрлат на едно од децата. Наоми му ја бутнала тупаницата на детето врз устата на починатото дете за да остави негови ДНК траги. Овој случај во Велика Британија потегна серија дебати за ефикасноста на социјалните служби во препознавање случаи на насилство и злоставување на малолетници.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено