Младата двојка открила многу повеќе отколку што планирале откако ја објавиле нивната веридба во слика на Фејсбук – на која во заднината исто се гледал и употребениот тест за бременост. Идната невеста Миранда Леви споделила слика на која таа го покажува прстенот додека седи до нејзиниот сопртуг, пишувајќи: „Денес сум сум навистина благословена, бидејќи љубовта на мојот живот ме побара за жена.“

Но, нивните пријатели набргу го забележале тестот за бременост во долниот лев агол, при што еден од нив напишал: „Што, и ти ли остана трудна?“ а други се прашувале дали сликата не е шега.

Woman posts engagement photo on Facebook, reveals more than intended

Во нејзиниот пост, Миранда напишала: „Не може да се опише со зборови колку сум среќна и што чувствувам.“ Потоа раскажала како нејзиниот свршеник сѐ уште не можел да ѝ даде вистински прстен, но дека важно било тоа што се чувствува одвнатре, на што некој од нејзините пријатели на Фејсбук искоментирал: „Па, изгледа дека тоа што е `внатре` навистина е важно!“

tr02 tr03

Миранда додава: „Знам дека ќе бидеме среќни заедно, без оглед на материјалните нешта“. На својот пост се потпишала како „идната г-ѓа Кели“ и се надевала на честитки од нејзините пријатели, како што многу жени прават кога ја објавуваат нивната свршувачка на Фејсбук.

tr04 tr05

Но, тоа што го добила е бараж од прашања за неизговорената новост која љубовниот пар во блиска иднина ќе мора исто така да ја сподели. Еден човек, кој се чини дека е нејзиниот татко, пишува на ѕидот: „Душо, би требало да ни се јавиш. Твојата мајка е збунета.“

Еден од коментаторите се прашува: „Дали тоа во аголот е тоа што мислам дека е?“, додека друг советува дека таквите работи се сечат.

Миранда отпрвин се правела на удрена: „Чекајте…што по ѓаволите зборувате вие? Зошто би помислиле такво нешто?“ Но една минута подоцна, кога најпосле видела што има на нејзината слика, во следниот пост таа напишала: „Еј луѓе, ќе имаме и бебе“.

 

tr06

Ете, така ви е тоа на Фејсбук, ништо не може да остане тајна.

Сподели на Facebook
пати видено