Се враќа еден човек од работа и гледа неговата врата разбиена. Влегува внатре и што да види – двајца мажишта стојат среде дневната соба.
Почнале да го тепаат, го тепале, го тепале, а тој одвај успеал да праша:
– Дечки абе зошто ме тепате?
– Како да не те тепаме бе?! – Телевизор Грундиг од пред 30 години, фрижидер Кончар исто од пред 30 години, шпорет на дрва од пред 50 години, пари немаш, злато немаш, ништо немаш – за кој к. си ја ставил таа блиндирана врата, па уште и решетки?! Зошто ги лажеш луѓето бе?!

Сподели на Facebook
пати видено