Двајца мажи во два посебни инциденти биле силувани од жена. На првиот маж жената му се заканила со пиштол го одвлечкала до грмушките, го силувала а потоа го дрогирала. Другиот маж се онесвестил по пијалокот што му го дала жената, а потоа го силувала додека бил во несвест.

Полицијата од Зимбабве ги предупредува мажите да внимаваат со кого се качуваат во автомобил, поради бранот на сексуални напади од страна на жени врз мажите. Минатата недела маж бил силуван од три жени, неколку пати, откако влегол заедно во такси со нив.

Првиот маж се качил во автомобил во Хараре со еден маж и две жени. Кога бил блиску до неговата дестинација, мажот кој го возел автомобилот тргнал по друг пат, а една од жените извадила пиштол, го одвлечкала во грмушката и го присилила на сексуален однос, а потоа другата жена го натерала да испие чудна течност по која што се онесветил.

Вториот маж исто така се качил во автомобил во Хараре, но сега во автомобилот имало пет луѓе, тогаш една од жените го понудила со пијалок и откако го испил се онесвестил. Кога се разбудил забележал дека бил сексуално искористен.

Во Зимбабве жените силувачи не се непознат поим, секоја година има по неколку случаи во кои мажи се присилени на сексуален однос.

Сподели на Facebook
пати видено