Двајцата Канаѓани, Стив и Дерек, живееле нормален живот, работеле, редовно печеле скара и никогаш не помислувале дека некоја свиња ќе им го промени животот засекогаш.

Малото мини прасе кое по желба на судбината дошло до овие момци, донело со него не само море од љубов и голем број проблеми, туку и драстични промени.

Розево прасе кое им го сврте животот за 180 степени

Во летото 2012 година, Дерек Волтер и Стив Џенкинс случајно станале сопственици на Естер. Еден стар пријател на Стив му се јавил и го замолил да го чува малото прасе. Дерек не бил воодушевен од оваа идеја, но бидејќи се работело за мини прасе и Стив кажал дека сам ќе се грижи за него, се согласил.

Мини прасето всушност пораснало во огромна свиња

Одеднаш момците забележале дека мини-прасето почнало да расте и кога го однеле на ветеринар, кој им кажал дека е од најобичните свињи, што момците набрзо можеле и самите да го заклучат.

Тежината на мини прасето не надминува 30кг, а Естер на 8 месеци тежела 77. Наскоро малото прасе имало 300 килограми. Но, момците не се откажале од Естер и решиле да продолжат да ја чуваат.

Естер брзо нашла заеднички јазик со мачките и кучињата што живеат во куќата. Таа, според нејзините сопственици, потсетува на големо куче: таа сака играчки, да се бори, сака да се дружи и сака кога ја чешкаат за стомакот. Исто така велат дека е многу интелигентна.

Естер сака да подарува бакнежи и веќе собрала војска од обожаватели

Денес, Естер има речиси 1,5 милиони Фејсбук следбеници и повеќе од 500 илјади на инстаграм.

Сподели на Facebook
пати видено