84-годишната Мо од Велс тргнала да си ги купи потребните намирници за дома, но случајно паднала и си ја удрила главата. Иако луѓето околу неа инсистирале веднаш да се врати дома, старицата била решена тој ден да си ги купи сите намирници.

За среќа во близина се нашле двајца хумани полицајци кои одлучиле да ја придружуваат жената за време на нејзиниот шопинг. Полицајците Колин Брукс и Метју Чапман првин ѝ помогнале на Мо со пазарењето, а потоа ја качиле и во автобус.

Сопственик на локална продавница, 51-годишниот Ифи Харис ја снимил случката и излегол да им честита на полицајците кога ја видел нивната хуманост. По неколку дена тој повторно ја сретнал Мо и решил да ја праша што навистина се случило.

Таа вели: „Еден маж ми помогна да станам од подот бидејќи паднав и рече дека ќе повика брза помош.“ Бидејќи Мо не сакала да оди во болница, човекот повикал двајца полицајци кои биле во близина. „Тој отиде и ги викна полицајците и тие ме однесоа на шопинг. Ми помогнаа до пазарот и потоа ме качија во автобус.“, додава Мо, која во нејзината младост работела како танчарка.

Сподели на Facebook
пати видено