2-годишно девојче од Кина било оставено само во станот на нејзините родители. Кога родителите излегле девојчето спиело, но кога се разбудило почнало да ги бара и се качило на отворениот прозорец, кој бил на височина од 20 метри.

Работниците од локалната фабрика го забележале детето на прозорецот и веднаш се стрчале за да го спасат. За среќа двајца мажи успеале да го ублажат падот на девојчето и тоа поминало со минимални гребнатинки.

За жал двајцата херои завршиле со малку посериозни повреди. 49-годишниот Динг Џики завршил со скршен зглоб, додека 57-годишниот Јуан Реншенг имал скршен зглоб и, фрактура на раката. Двајцата херои добиле подарок од државата во вредност од 700 евра за нивното несебично дело.

Мајката на 2-годишното деојче изјавила дека таа го оставила со нејзината мајка, односно бабата на девојчето, кога заминала за работа, но бабата го напуштила станот откако 2-годишното девојче заспало.

За да им се заблагодари мајката им ги платила болничките трошоци на спасувачите и исто така им подарила по 200 евра, на секој од нив.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено