Персоналот од старечки дом во северниот дел на Германија кренал тревога кога во петокот навечер исчезнале двајца постари мажи. Потрагата за нив веднаш почнала, но никој не очекувал дека ќе ги најде на вакво место.

По деталната потрага полицијата ги пронашла „металците“, „дезориентирани и збунети“ во 3 часот наутро на Wacken Open Air, најголемиот светски хеви метал фестивал. Дедовците одбивале да си заминат од фестивалот, па полицијата морала да ги однесе до домот за стари лица со полициско возило. „Очигледно им се допадна хеви метал фестивалот.“, изјавила портпаролката на полицијата, Мерл Нојфелд.

Waken Open Air фестивалот привлекува повеќе од 75.000 луѓе секоја година.Годинава организаторите изградиле цевковод од 7 километри за да испорачаат илјадници литри пиво за да се избегне потребата од камиони што ќе ја уништат земјата и ќе предизвикаат сообраќаен метеж.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено