Американските рибари Џонатан Ван Флит и Ентони Довер, биле на речен риболов на реката „Мала“ во државата Оклахома. Тие одвај го извлекле својот плен од водата, верувајќи дека се работи за огромна риба, но на мамката не се фатила риба.

Наместо риба, тие извлекле „алигаторска желка“, која си ја каснала малата риба – мамец. Влекачот тежел 45 килограми, а неговата должина надминувала еден метар.

Рибарите внимателно ја извадиле куката од устата на желката, што било многу ризично, затоа што „алигаторските желки“ не го носат името само заради надворешниот изглед туку и заради силната вилица, која лесно можела да им ги одгризе прстите, а во минатото имало многу такви случаи. Потоа, рибарите направиле неколку фотографии со животнотои го вратиле назад во водата.

Сподели на Facebook
пати видено