Кај нас има пациенти кои знаат многу повеќе за болестите од докторите.

Има граѓани кои историјата ја разбираат многу подобро од историчарите. Тие одлично ги препознаваат и теориите на заговор, многу подобро од службите за безбедност.

Направив мало истражување – познавачите на вистинската музика кај нас ги имаат гледано скоро 100 милиони пати 5-6 од најдобрите видеа на неверојатната пејачка Сека АлексиЧ! Не ми се веруваше за Цеца, Аца и останатите…

Кај нас има луѓе без возачки, кои се способни да извозат Формула 1 трка подобро од Луис Хамилтон.

Има приврзаници на фудбалот, кои иако не посетиле ниту еден тренинг, можат совршено добро да ја оценат работата на тренерите и фудбалерите од кое и да е првенство – италијанско, македонско, англиско, како со години да се занимавале со оваа професија.

Најважната карактеристика на оценките на овие брилијантни аналитичари е нивната строгост и нетолерантност на грешки.

Тоа е чудесно! Нема сомнеж дека Македонија ја чека апсолутен просперитет, бидејќи тука и најобичниот лаик (не аматер, туку лаик) е поголем професионалец од секој професионалец!

Ајде, најстарата нацијо во светот, ГАЗИМЕ!

Сподели на Facebook
пати видено