Самарина е село во Гребенско, Егејска Македонија. Оваа село неколку векови било цел на грчката пропаганда, а по Букурешкиот мировен договор било и целосно одземено од грчката држава кога имало над 4.000 жители. Но оваа македонско село крие една ретка убавина, црква изградена во 1812 година, посветена на Богородица. Сепак она што ја прави оваа црква уште поневеројатна е дрвото старо повеќе од еден век кое пуштило корени на нејзиниот покрив и се задржало таму.

Секоја година на 15 август селото го слави „Успение на Пресвета Богородица“ и по овој повод се собираат многу христијани. Овој бор ја краси црквата повеќе од 100 години и ова зборува за издржливоста на овој христијански храм, создаден од македонскиот народ.

 

Сподели на Facebook
пати видено