Во топлите, суви пустини на Античка Персија во околу 400 п.н.е, долго пред пронаоѓањето на електричната енергија, инженерите ја совладале одржливата технологија за складирање на мраз во текот на жешкото лето. Yakhchal биле антички испарувачки ладилници со облик на купола над земјата и подземен простор за складирање на мраз, храна и други расипливи продукти. Овој ефикасен метод за чување на мраз во пустината може да изгледа комплицирано, но во реалноста, тоа била едноставна техника која дури и најсиромашните можеле да си ја дозволат.

Мразот се собирал за време на зимите од блиските планини и бил носен до yakhchal, а повеќето, исто така, имале и канали (подземни канали) за да носат вода од околните извори. Со височина до 18 метри, структурата yakhchal изгледала како масивна купола направена од тули од кал. Под земјата имало празен простор до 5000 кубни метри со многу дебели ѕидови, од по 2 метри. Ѕидовите биле направени од малтер наречен сарој; мешавина составена од песок, глина, белка од јајца, вар, козји влакна и пепел во многу специфични пропорции. Овој малтер бил отпорен на пренос на топлина и исто така се мислело дека е целосно водоотпорен.

Структурите често имале и бадгир, што буквално значи ловец на ветер, кој помагал температурите во внатрешноста да останат на ледено ниво за време на летото. Некои од yakhchāls, кои биле изградени пред стотици години, остануваат непроменети. Во денешен Иран, Авганистан и Таџикистан терминот yakhchāl исто така се користи како израз за модерните ладилници во домаќинството.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено