Пожарникарите ја имаат една од најтешките работи во светот. Секој ден, тие одат на работа и ги ризикуваат своите животи за да спасат непознати луѓе. Тие се свесни дека во опасни ситуации дури и кога не се физички повредени, работното место може да им донесе многу психички повреди. Но, двајца пожарникари можат да спијат мирно бидејќи со нивните постапки спасиле девојче и бебе од зграда во пламен.

Видеото со херојскиот подвиг стана вирално на социјалните медиуми. Инцидентот се случил во Џорџија и бил снимен од камерата за кацига на пожарникар во округот Де Калб, на почетокот на месецот. Децата биле фрлени од нивните родители откако нивната станбена зграда се запалила.

Девојчето било едно од 12-те лица кои пожарникарите ги спасиле од пожарот, а пред неа бил фрлен од зградата завиткан во ќебе нејзиниот новороден брат, но тоа не било фатено од камерата. „Фаќавме бебиња како фудбалски топки.“, изјавил капетанот Ерик Џексон.

Во ова вознемирувачко видео, може да се слушне врескање додека пожарникар Скот Строуп херојски го фатил малото девојче, кое заедно со нејзиниот брат и мајка не претрпеле повреди од пожарот. Но, за жал нејзиниот татко Ленс Раглен имал изгореници од втор степен, како резултат од инцидентот.

Џеки Пекрул го фатила новородениот брат на девојчето и таа изјавила дека не знаела дека бебето е фрлено се додека не забележала „нешто сино“. „Мислам дека тие помислиле дека го очекувам. Не можам да го замислам стравот со кој се соочувала мајката. Низ мојот ум само ми поминуваше… Господе дозволи ми да го фатам ова бебе.“, изјавила Џеки. Неколку минути подоцна како што е прикажано во видеото Скот ја фатил неговата постара сестра.

За среќа, никој не загинал во пожарот на 3 јануари, но 79 лица останале без домовите откако биле уништени 20 станови.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено