Американската водителка која во јули оваа година беше силувана од таксист, не зборувала премногу за траумата која ја преживеала, што довело до тоа два месеца по инцидентот целосно да ѝ падне косата. Губењето на косата е поврзано со бројни причини и проблеми, а еден од нив може да биде и силниот емоционален стрес.

ks01

Таа раскажува дека тој ден уште во четири часот попладне почнала да се забавува со своите пријателки. „Ова не е приказна за силување каква што би очекувале, никој не ме претепа, но ме искористи. Не знам што јас сум кажала, не знам што тој кажал, едноставно не бев при себе“, вели таа. 27-годишната Стефани Џорџи конечно проговорила за ужасната ноќ во јули кога ја искористил таксистот кој требал да ја доведе дома по излегувањето со нејзините пријателки. Кога следното утро се разбудила, не се сеќавала на возењето, само на тоа дека влегла во колата и стигнала до својот дом во Лос Анџелес.

sg

По два месеци почнала да ѝ паѓа косата и набргу загубила 75 отсто од косата. Кон крајот на септември почнала да ја бричи косата.

„Толку многу сум го потиснала настанот во себе што почна да ми паѓа косата. Јас не плачев, па така моето тело заплака. Кога ја видов сета таа коса на подот, по облеката, насекаде по мене, се сетив што ми се случи“.

Подоцна едноставно не сакала да зборува за тоа бидејќи се плашела дека луѓето нема да ѝ веруваат и дека ќе ја осудуваат, а најтешко ѝ било за тоа како ќе им каже на своите родители, особено на нејзиниот татко.

„На тато не му кажав, му кажа мама. Како да му кажете на вашиот татко дека неговото девојче му е…знаете…“ раскажува Стефани низ солзи.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено