18-годишниот Бурак од Турција работел како доставувач на пица и имал задача да му достави пица на Хусеин Алуз и тоа и го направил. Но, кога Хусеин ги проверил безбедносните камери го видел Бурак како плука во неговата пица и случајот го пријавил во полиција.

Младото момче се правдало дека не плукнало во пицата туку само дека проверувал дали сѐ е во ред со неа, бидејќи знаел дека купувачот е проблематичен. Тој изјавил: „Дознав дека лицето кое ја порачало пицата ја пцуело мојата колешка Ајлин. Знаев дека тој е проблематичен клинет. Ја отворив кутијата со пица за да проверам дали има било какви проблеми, за да проверам дали пицата е недопрена. Ја фотографирав пицата со телефонот и ѝ ја испратив фотографијата на Ајлин. Дефинитивно не плукнав во пицата кога ја отворив кутијата.“
Сепак полицијата не му поверувала на Бурак и тој моментално го чека своето судење. Хусеин изел две парчиња пица пред да сфати дека момчето плукнало во неа, поради тоа на Бурак е обвинет за „загрозување на животот на лицата со ставање отров или расипување на храната со други средства“, што носи казна затвор до 15 години и исто така се соочува со обвинение од потрошувачкиот суд за „оштетување на стоки и загрозување на здравјето на купувачите“, кое носи казна до 3 години зад решетките.
Кривичниот суд го одложил случајот до февруари, наредната година, додека форензичарите го проценуваат ризикот од болести од пицата. Случајот на потрошувачкиот суд е сѐ уште во тек.

