За време на говор во Јужна Каролина во четврток, претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп, најпосле ги смири гласините дека носи перика, што значи дека тој свесно одбира да има коса која изгледа како морско прасе на кое очајно му треба потстрижување.

„Јас не носам перика. Ова си е мојата коса!“ кажал Трамп пред да покани една жена на сцената за да помине со рацете низ тоа што изгледа како анемична лавовска грива.

„Но само малку, зашто не сакаме премногу да ја разбушавиме, бидејќи сепак имам лак за коса на неа.“ признава тој.

„Дали е вистинска?“ “Да, верувам дека е“, вели жената, која чесно кажано, сепак изгледа дека е дел од местенка. Но, како и да е, ете да претпоставиме дека косата на Трамп е вистинска, иако според повеќе анкети, неговите шанси да стане претседател на САД не се такви.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено