Компанија за хортикултура од Велика Британија „Томпсон и Морган“ разви растение на кое растат домати и компири наречено Домпир. За прв пат веста за оваа растение е објавена во 2013 година а сега е конечно достапно на пазарот. Во Канада е достапно веќе една година, а уште една компанија од Нов Зеланд направила сличен ваков хибрид.

Доматите и компирите се припадници на истото растително семејство. Ова ги право совршени кандидати за да бидат составени заедно и да се создаде нов вид на растение. Оваа техника била позната со векови но сега таа е усовршена.

Од „Томпсон и Морган“ велат дека ова е прв пат оваа техника да се усоврши до тој степен за да биде комерцијално достапна. Тие ги растат доматите и компирите одделно и по неколку недели растенијата се спојуваат на природен начин со кратење на стеблата и нивно спојување.

„Еве уште едно оргомно хортикултурно откритие од „Томпсон и Морган“! Специјално рачно пресадени растенија за производство на компири и домати, сега се достапни во Велика Британија. Над земјата има превкусни домашни домати, послатки од оние во супермаркет. Овошјето исто така ја адекватната количина на киселост, која што ја имаат највкусните домати.“ , напишале од „Томпсон и Морган“ на нивната веб страна.

Сподели на Facebook
пати видено