8-месечното бебе Вивиана Клер било во семејната куќа во Балтимор, кога нејзината мајка Ерика Поремски отишла надвор до автомобилот. Кога се завртела назад, ја здогледала куќата како гори.

„Ја слушав како плаче, но не можев да влезам кај неа. Многу се трудев да влезам, сите во соседството се трудеа. Ги удираа и вратите и прозорците. Не можев да ја извадам. Никој не можеше.

Поремски има изгореници на рацете и на лицето од постојаните обиди да влезе во куќата и да го извлече девојчето. Конечно пожарникарите успеале да влезат и да го најдат девојчето во спалната соба. Тоа што го виделе ги вчудовидело.

dete (1)

Семејното куче Поло лежело над неа и ја штитело со своето тело. На сликите кучето личело на мало бушаво топче.

dete (2)

Пожарникарите велат дека кучето не сакало ни да излезе од куќата. Лежејќи над Вивиана, кучето ѝ ја заштитило едната страна на телото од изгореници. За несреќа, изгореле 20 % од нејзиното тело, па таа и понатаму е во критична состојба во болницата. Кучето не го преживеало пожарот.

dete (4)

„Поло беше моето прво бебе и го изгубив. Сега се молам само да не ја изгубам и неа. Таа е се што имам. Се случи толку набрзина. Не разбирам. Не знам зошто се случуваат вакви работи.

dete (5)

dete (6)

Фондацијата „GoFoundMe“ собра 14000 долари за три дена. „Поло умре како херој“, велат од Фондацијата.

dete (7)

dete (8)

Сподели на Facebook
пати видено