Лидерот на опозициската партија, Курам Наваз Гандупур објавил видео на Твитер за кое напишал: „Тесно бегство на авион кое можеше да заврши со голема катастрофа.

Чудесно спасен од присуството на умот на пилотот“. На видеото се гледа дека пилот го спасува денот, да, но има еден „мал“ проблем.

Видеото е симулација и дел од видео играта Grand Theft Auto 5 (GTА 5). Очигледно политичарот не го приметил тоа, ниту пак бил информиран од неговите помошници. Ама затоа корисниците на Твитер почнале да го исмејуваат за тој на крај да си го избрише профилот.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено